Сплавот почнал да тоне: Итно прекинат настапот на Наташа Беквалац, гостите евакуирани

1,651

Наташа Беквалац, по едногодишна пауза поради коронавирусот, синоќа пеела во Белград, но настапот бил прекинат, бидејќи сплавот почнал да тоне.

Имено, сплавот на кој таа настапувала атрактивната пејачка, во еден момент почнал да тоне поради многуте луѓе на него, па затоа свирката веднаш била прекината, пишува порталот „Нова.рс“.






Обезбедувањето се погрижило сите присутни веднаш да ги евакуира, односно да ги отстрани од сплавот, заради нивната безбедност.

На местото на настанот, набргу пристигнала и полицијата.

За среќа, никој не бил загрозен, бидејќи само еден дел од сплавот почнал да се ниша, а подоцна да тоне.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини