Николоски: Судот не дозволи да го поставам клучното прашање дали Заев би дал барем едно евро на сомнителен лик како Бојан Јовановски

Зоран Заев лажеше во судот што е кривично дело затоа што кажа дека не знаел дека целокупниот врв на СДСМ, имале средби со Боки-13. Сите тие имале средба ама Зоран Заев не знаел.

784

Судот не дозволи да го поставам клучното прашање дали Зоран Заев, и како политичар, но и како бизнисмен, би дал барем едно евро, а не тешки милиони, на сомнителен лик како Бојан Јовановски, доколку позади тоа не стои силен политички притисок, рекет и изнуда, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по рочиштето за тужбата клевета поднесена од премиерот.

За жал, судот не дозволи прашањето да се постави, бидејќи одговорот им е јасен на сите – изјави Николоски.






По денешната главна расправа Николоски изјави дека во судницата Заев лажел кога одговарал на неговите прашања.

– Зоран Заев лажеше во судот што е кривично дело затоа што кажа дека не знаел дека целокупниот врв на СДСМ, имале средби со Боки-13. Сите тие имале средба ама Зоран Заев не знаел. Втората лага која ја кажа е дека ние денеска разбравме оти посетите на домот на Боки-13 и оние снимки кои ги видовме всушност биле дел од активностите од врата на врата“ на партијата СДСМ. Како што одговори Заев имале редовни активности за посета на гласачи, членови и симпатизери на СДСМ и така одејќи од вратата на врата, и Шекеринска, и Кирацовски, и Филипче, и Богоев и другите, отишле на врата на Бојан Јовановски, а тој бил доволно гостопримлив па ги поканил на кафе – изјави Николоски.

Тој рече дека премиерот рекол дека врвот на СДСМ не рекетирал бизнисмени туку бил во акција на промоција и стимулација на инвестиции. Логично прашање е, рече Николоски, како стимулирале инвестиции во корист на само еден човек.

Поврзани содржини