По првата доза од „Фајзер“ и „АстраЗенека“, 96 отсто од вакцинраните имале антитела

Истражувањето беше спроведено на луѓе кои примиле вакцини „Фајзер“ или „AстраЗенека“.

1,331

Повеќе од 90 проценти од Британците имаат антитела на коронавирусот по една доза вакцина „АстраЗенека“ или „Фајзер“, и скоро 100 проценти по втората доза, покажа студија спроведена на 8.517 луѓе во Англија и Велс.

Студијата од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42 луѓе развиле антитела 28 до 34 дена по првата доза, а тој процент се зголемил на 99,08 проценти во рок од седум до 14 дена од втората доза, пренесува „Гардијан“.






Истражувачите истакнаа дека ова е одлична вест и вистински научен подвиг, додавајќи дека вакцините работат исклучително, особено со оглед на брзината со која се развиени.

Просечната возраст на учесниците во истражувањето е 65 години, односно истражувањето е спроведено меѓу постарата популација, која прва се вакцинирала во Велика Британија.

Студијата покажа дека нивото на антитела првично пораснало кај луѓето кои примиле вакцина „Фајзер“ отколку кај оние кои биле вакцинирани со „АстраЗенека“, но по четири недели и двете групи имале скоро исто ниво на антитела.

Исто така, по првата доза на вакцината, нивото на антитела беше пониско кај постарите луѓе. Меѓутоа, кога ја примиле втората доза, луѓето од сите возрасти имале еднообразно ниво на антитела.

Нивото на антитела беше исто така пониско кај луѓето со одредени болести како што се рак, дијабетес и срцеви заболувања. Таа разлика исчезна кога сите учесници во студијата добија втора доза, се вели во студијата.

Поврзани содржини