Заев со благодарност до Шекеринска за нејзиниот досегашен придонес
Благодарност до мојата другарка Радмила Шекеринска што беше моја заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат - рече претседателот на СДСМ.
Претседателот на Владата на 26. конгрес на СДСМ, упати благодарност до Радмила Шекеринска за нејзиниот придонес низ годините како негова заменичка.
– Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите од досегашното раководство, што дадоа придонес во успесите и на партијата и на државата. Благодарност до мојата другарка Радмила Шекеринска што беше моја заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат – рече Заев.