Заев ќе го слави Велигден во Струмица

Премиерот апелираше граѓаните да слават на отворено.

502

Да се слави на отворено. Може свеќичка да запалиме и пред нашите згради на отворено за Велигден. Исто така може да се празнува и и со почитување на мерките со цел заштита на здравјето и животите на нас и нашите блиски. Треба да внимаваме – апелираше  премиерот Зоран Заев на денешната прес-конверенција на Економско-социјалниот совет.

Тој рече дека веќе е разговарано и со претставниците на верските заедници кои се обврзале дека ќе внимаваат на мерките заради заштита на населението.






– Да запалиме свеќичка пред нашата зграда, пред нашата куќа. Како претседател на владата апелирам прв приоритет да биде да се тргнеме од толпата, да го искористиме просторот на отворено и да избегнеме групирање – рече Заев.

Заев, како што рече, ќе слави во Струмица во кругот на семејството.

– Ќе направам прошетка на ридовите околу Струмица, во паркот и главно ќе бидам дома во дворот со моите. Учесник сум и на крводарителска акција која ќе се одржи за време на празниците, каде ќе ја видиме реконструирана трансфузиологија на Струмица и ќе поминам во кругот на семејството – рече Заев.

Поврзани содржини