37 починати и 86 новозаразени, оздравени се 856 пациенти
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049, соопшти Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на ковид 19 во: Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.„Регистрирани се 856 оздравени пациенти од: Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (48, 61, 61, 65, 69, 74, 76, 77, 80, 83 и 90), 5 лица од Охрид (55, 64, 66, 72 и 85), по 4 лица од Битола (67, 77, 89 и 91) и Кавадарци (71, 73, 76 и 78), по 3 лица од Куманово (65, 76 и 84) и Тетово (73, 76 и 80), од Прилеп 2 лица (53 и 54) и по едно починато лице од Велес (61), Струмица (64), Струга (60), Делчево (69), и Валандово (71). Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови“, информираше Министерството за здравство.
Направени се 808 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-24, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 49, Жан Митрев (Филип Втори) – 124, Авицена -0, Биотек – 108, Систина – 163, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 0, Ремедика – 0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 250.
„Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049“, соопшти МЗ.