Германија денеска им оддаде почит на речиси 80.000 починати од ковид-19

Во Германија досега се потврдени 79.914 смртни случаи од ковид-19. Тоа е петти најголем број во Европа по Велика Британија, Италија, Русија и Франција.

256

Германија денеска им оддава почит на речиси 80.000 луѓе кои починаа од коронавирус, додека земјата се бори да го надмине новиот наплив на инфекции.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе ја предводи комеморацијата со други високи функционери во Концертхаус во Берлин.






Од кабинетот на германскиот претседател соопштија дека церемонијата е посветена на „семејствата кои не можеа да ги испратат своите роднини кога починаа и за кои не беа можни важните ритуали на жалост“.

Во Германија досега се потврдени 79.914 смртни случаи од ковид-19. Тоа е петти најголем број во Европа по Велика Британија, Италија, Русија и Франција.

Поврзани содржини