ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заеви заедно со братучедот кој избега во Дубаи ќе бидат испрашани за нарко-криминалот?
ВМРО-ДПМНЕ на овие прашања бара одговори откако пред два дена во акција на МВР и ДЕА меѓу шестмината уапсени се најде и возачот на брсатучедот на премиерот Трајче Заев, Александар Ушилковски, а беше изршена и контрола во фабрики за производство на медицински канабис во Битола која е во сопственост на братучедот на Заев.
ВМОР-ДПМНЕ денеска јавно праша дали и кога братучедот на Зоран Заев, Трајче ќе бидат испитани за нарко-криминалот кој го прекина американската ДЕА и дали тој е во земјава или во Дубаи? Дополнително опозициската партија прашува кога лично Заеви ќе бидат испрашани за овој криминал.?
ВМРО-ДПМНЕ на овие прашања бара одговори откако пред два дена во акција на МВР и ДЕА меѓу шестмината уапсени се најде и возачот на брсатучедот на премиерот Трајче Заев, Александар Ушилковски, а беше изршена и контрола во фабрики за производство на медицински канабис во Битола која е во сопственост на братучедот на Заев.
– Личниот шофер на Заеви, Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици.Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800.000 евра. Пратката со марихуана тргнала од фирмата „Медика 420“ од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви, ратучедите Трајче и Бобан – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата се прашуваат и дали кланот Заеви прерасна во картел Заеви како што потврди и МВР.
– Криминалот на власта излегува на виделина. Ништо веќе не може да го сокрие сојузот на власта и криминалот – велат од ВМРО-ДПМНЕ..