Малолетник со потекло од Македонија се заканувал дека ќе разнесе катедрала во Виена
15-годишен Австриец со македонско потекло се заканувал со терористички напад во центарот на Виена, пишуваат австриските медиуми.
Малолетникот, се заканил дека денеска во 13 часот ќе изврши терористички напад врз виенската катедрала Штефансдом бидејќи не добил одговор на „чат“ со канцеларот Себастијан Курц.
Откако бил утврден идентитетот на лицето кое упатило закани до канцеларот, специјалци го лоцирале и уапсиле заканувачот.
По апсењето заканувачот изјавил дека немал намера да ја изврши својата закана и дека наводно станува збор за „шега“.
Сега е во истражен затвор, полицијата спроведува понатамошна истрага.