Мафијашот Седат Пекер со лажен идентитет уживал на Матка

3,510

Контроверзниот бизнисмен од Турција, Седат Пекер, на кого МВР му издало македонска лична карта со украден идентитет на лицето, Џадин Амедовски, во Македонија имал средби со познати бизнисмени и со градоначалници, објавува Лидер.мк.

Шефот на турската мафија бил осуден на 14-годишна затворска казна во 2007 година под обвиненија за предводење на криминална организација, грабеж, фалсификување и две точки за незаконско лишување од слобода. Тој избегал од Турција во јануари минатата година под сомнителни околности.






Едно од видеата кои ги објавил е поставено во февруари лани, на кое се гледа како се шетана Матка.

Поврзани содржини