Филипче: Дневно се пријавуваат по 2.800 граѓани, а се вакцинираат околу 2.500

За здравствените работници можам да кажам дека интересот за вакцинација е огромен, а тоа го докажува и процентот од над 90 отсто вакцинирани и ревакцинирани здравствени работници. Во поглед на интересот кај граѓаните, пак, вчера беа вакцинирани околу 2.500 лица, а пријавени беа вкупно 2.800 граѓани, истакна министерот за здравство.

565

Вчера се вакцинирани близу 2.500 граѓани, а пријавени за вакцинација беа 2.800 граѓани, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање колкав е бројот на граѓани и на здравствени работници кои го откажуваат терминот за вакцинација.

– За здравствените работници можам да кажам дека интересот за вакцинација е огромен, а тоа го докажува и процентот од над 90 отсто вакцинирани и ревакцинирани здравствени работници. Во поглед на интересот кај граѓаните, пак, вчера беа вакцинирани околу 2.500 лица, а пријавени беа вкупно 2.800 граѓани. Процентот на луѓе кои го откажуваат терминот е околу 20 отсто. Возрасните граѓани ќе бидат повикувани преку матичните лекари, а преку системот на закажување и пријавување во институциите ќе се зголемува и бројот на граѓани кои ќе се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“. Оптимумот, бројот кој сакаме да го постигнеме е да имаме околу 7.000 вакцинирани граѓани на ден. Би можело тоа и да се зголеми, меѓутоа одиме чекор по чекор. Сепак ова е нов систем и сакаме добро да функционира. Вчера немаше никаков проблем и се надевам така ќе продолжи и во следниот период – истакна Филипче.






Тој додаде дека сега сме во период кога е навистина оптоварен здравстениот систем, а пред нас се празници.

– Имајќи го предвид искуството од минатата година кога ваквите празници конкретно рамазанските пости и Велигден во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација, сметаме дека доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, тоа ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира. Тоа е причината за воведувањето дополнителни рестриктивни мерки со цел овој трет и досега најсилен бран на ковид-19 на некој начин забрзано да го завршиме. Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат до сите овие мерки. Мора да сме свесни дека со сопственото однесување, одговорност, носењето маска и одржувањето дистанца придонесуваме за што пократко време да заврши и овој бран – рече Филипче.

Поврзани содржини