Ќерката на германскиот топмодел, Хајди Клум, Лени, ѝ се придружи на листата на децата кои тргнаа по стапките на славните мајки. По Каја Гербер (Синди Крафорд), Лила Мос (Кејт Мос), и на Лени ѝ претстои блескава манекенска кариера.
Убавата Лени (16) има неверојатна убавина.
Последната фотографија на која Хајди и Лени позирале во автомобил ги воодушевила фановите, покажувајќи ја нивната природна убавина.
Хајди позирала без грам шминка, додека Лени ги нагласила прекрасните сини очи само со маскара на трепките. Според фотографиите може да се забележи дека тие одлично се забавувале.
Лени веќе тргна по стапките на својата мајка – таа снима сè повеќе модени кампањи, а двете неодамна заедно ја красеа насловната страница на магазинот „Вог“.
На наследничката на Хајди ѝ предвидуваат блескава кариера, а поради нејзината нереална убавина, таа се „заканува“ да ја престигне и славата на својата мајка.
„Прекрасни“, „Руса коса, сини очи, изгледа како ангел“, „Не ја ни забележав Хајди покрај Лени“, „Не се знае која е поубава“, се само дел од коментарите под објавата на Инстаграм.
Инаку, Хајди ја добила Лени со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе со кој се разделила кратко откако дознала дека е бремена, а Лени ја одгледал пејачот Сил.
Манекенката има уште три деца – 15-годишниот Хенри, 14-годишниот Јохан и 11-годишниот Лу кои ги има со Сил, со кој беше во брак од 2005 до 2014 година.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм