Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини - соопшти АМСМ.
Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, информира Автомото сојузот.
– Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини – соопшти АМСМ.
На целата територија на државата, како што се посочува, паѓа снег со променлив интензитет,
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. фф