Дипломатската офанзива на Арбен Курти, Артан Груби и Бујар Османи – доволна причина за одлагање на пописот!

Наменскиот службен пат во Косово, од државна позиција во македонската влада и со државни ресурси, во друга, туѓа држава, со пресметана цел да ја инволвира во наши внатрешни прашања, (Артан Груби), е ГРУБО поигрување со државата и чувствата на македонскиот народ како и припадниците на другите народи.

4,041

Вмешувањето на друга, туѓа држава (Република Косово), во постапката на спроведувањето на пописот кај нас, е флагрантно кршење на меѓународното право и принципите на добрососедството!
Тоа е доволна индикација надлежните институции да ги размрдаат главите, истовремено и доволна причина за одлагање на пописот!

Наменскиот службен пат во Косово, од државна позиција во македонската влада и со државни ресурси, во друга, туѓа држава, со пресметана цел да ја инволвира во наши внатрешни прашања, (Артан Груби), е ГРУБО поигрување со државата и чувствата на македонскиот народ, како и припадниците на другите народи, надвор од националниот корпус на кој му припаѓа, именуваниот функционер, солидно платен од пореските издвојувања на сите граѓани од оваа држава.






Тоа е доволна индикација за Премиерот и Претседателот добро да размислат каде водат сепаратните политики, односно ексклузивниот пристап во водењето на политики во прилог на само еден дел од државната целост.

Наменските, про-попишувачки патувања на Бујар Османи во Швајцарија и Шпанија, немаат ништо заедничко со една координирана дипломатска стратегија на оваа држава, во која Османи ја „обнаша” функцијата – шеф на дипломатијата.

Тоа е доволна причина за одлагање на пописот, како и за рапорт на Премиерот и Претседателот пред граѓаните на земјата, со истовремено исполнување на ингеренциите и законските обврски кои им ги носат функциите – согласно уставот и законите.

Зашто? „З‘ш така требит”: „прашањето за Косово е на приоритетната листа на господинот Османи, исто така е приоритет на нашата партија како учесник во Владата на Република Северна Македонија”(Артан Груби).

Е, па, другар Заев повели повторно да го дочекуваш Александар Вучиќ на Табановце.
И еден СОВЕТ за Груби и Османи: со Сали Бериша бевме, ај не пријатели, нека биде – познајници. Се знаеме уште од 1989 година. Самиот вели дека првото интервју со странски новинар, го направил со мојата дребност. Сме се сретнувале многу пати. Неговата колоквијалност за Голема Албанија е – ЕДИНСТВЕН АЛБАНСКИ КУЛТУРЕН ПРОСТОР.

ОК, што и да значи тоа, не е нелегитимно. Колку е легално и изводливо, тоа е друго прашање. Како и да е, однесувањето на Груби и Османи е една АКЦИЈА, која неминовно води кон – РЕАКЦИЈА. Акцијата, во овој случај, е НАЦИОНАЛНА ХОМОГЕНИЗАЦИЈА. Реакцијата ќе биде – НЕКОЈА ДРУГА ХОМОГЕНИЗАЦИЈА!

Каде тоа води, може само да се претпостави. Но, ниту Вашингтон е она што беше при десолуцијата на Југославија („американски војници никогаш повеќе нема да гинат за Косово!”: Philip S. Kosnett, американскиот амбасадор во Приштина), ниту, пак, Москва е истата.
А, каде што ќе заиграат СЛОНОВИ – тука трева повеќе не расте!
За дополнителните причини, за одложување на пописот, да почекаме што ќе каже д-р Караџоски!
Тој, и така, во својата глава, има решенија за најмалку 3 ( и со букви – три) решенија, пардон-СЦЕНАРИЈА!?

ФБ-статус на авторот

 

Поврзани содржини