Луѓето умираат масовно, додека Караџовски ги знае, ама, љубоморно, ги крие мерките во неговата глава!?

3,185

Додека Караџовски ги има, ама, љубоморно, ги крие од нас мерките за заштита, во неговата глава, ние сме на добар пат да изгубиме население, повеќе отколку во четиригодишната антифашистичка војна!?

По која логика (стандард, параметар, протокол здравствен…) во Македонија можат мерките да бидат поблаги од оние во Србија!? Заклучно со вчерашниот ден, Србија договори 14 милиони вакцини, во земјата се пристигнати близу 3 милиони, вакцинирани се над 2 милиони, скоро 900.000 се ревакцинирани, што е 20 проценти од населението.






Дополнително, од Македонија кон Србија, а и обратно, се патува слободно, додека во регионот со кој се допираме (Лесковац), процентот на заразените е 50 отсто! Секој втор!!!

Уште какви, други, црни аргументи треба да се додаваат, за мерките, конечно, да излезат на светлото на денот, надвор од главата на Караџовски!?

Лажна е дилемата дали се заштитува економијата. Таа може да се заштити само без стихија и само со добро управување со здравството во земјата.

Да не се лажеме, во оваа провалија влеговме само поради отсуството на политичка волја и стихијност, што, само по себе носи недоверба кај граѓаните – и тука јамката се затегнува.

Во многу градови во земјата, граѓаните и градоначалниците се во паника, молат построги мерки, а државата тоа не им го дава.

Во чие име и за каква цел?

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини