Водителот Џими Кимел во своето шоу ѝ беше домаќин на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.
Мишел во оваа пригода го промовираше своето ново кулинарско шоу „Вафли + Мочи“, а Кимел не ја пропушти можноста да постави едно незгодно прашање, што веќе ѝ го поставил во една прилика, но таа тогаш вешто избегнала да одговори на тоа прашање.
„Дали таа ноќ, кога тим на специјалци го уапси Осама Бин Ладен по наредба на вашиот сопруг, го прославивте тој настан со водење љубов?“, ја прашал Кимел, на изненадување за многумина.
Мишел и овојпат брзо се снашла. „Морам да ѝ кажам на твојата публика дека, од некоја многу болна причина, ти си многу опседнат со тој детаљ од овој огромен историски настан. Никој никогаш, во историјата на сите разговори што сум ги водела, толку не се закачил за тој еден детаљ како тебе, Џими Кимел“, му одговорила.
„Сè уште си она мало момче во својата спална соба, под ќебе со џепна светилка, кој се надева дека никој дека нема да го види“, додала Мишел, а одговорот гледачите го проследиле со смеење.
ФОТО: Јутјуб