Кој пие, а кој плаќа во македонското разузнавање
Се предлага формирање независно експертско тело за надзор со три до пет члена избани според строги утврдени критериуми поддржано од постојан секретаријат со сопствен буџет и со јасен мандат.
Како што истакна Александар Стојановски постар истражувач во ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии ова се сознанијата од анализата за состојбите, предизвиците и препораките во однос на надзорот над разузнавачките и безбедносните служби во земјата содржани во документот за јавни политки „Преосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби во Северна Македонија“, чиј коавтор е заедно со Иван Стефановски , извршен директор на ЕВРОТИНК.
Документот содржи и препораки кои се однесуваат на надлежностите, изборот на членови на клучните собаниские тела кои го вршат надзорот над разузнавачките и безбедносните служби – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за назионална безбедност и Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, како и за Советот за граѓански надзор, односно како да се добие фунционално специјализирано независно тело.
– Ние предлагаме концепт на реформа на парламентарниот надзор каде што една единствената комисија ќе има точно дефинирани ингеренции и можности да го врши својот надзор, но и вонпарламентарно, стручно и материјално-технички силно опремено тело кое што ќе го претставува граѓанскиот и демократскиот надзор врз безбедносните служби и разузнавачкиот апарат – вели Стојановски.
Колку време ќе биде потребно да се спроведат реформите кои ги сугерираат согласно резултатите од анализата, тоа вели зависи од повеќе фактори.
– Реформите коишто досега се случуваа беа поврзани со историјата на лошо работење на безбеднос-разузнавачкиот апарат, но и потребата за реформа која се наметна со влезот на Македонија во НАТО, така што брзината и ефикасноста на досегашните рерофми беа веројатно водени од тие два фактора. Кога збориме за надзорот и функционалноста на апаратот кој што треба да врши надзор – парламентарен и вонпарламентарен, таму останува да лицитираме и да наѓаме колку волја и колку време би им требало за да се заокружи тој процс на реформирање на надзорот како концепт. Зависи од волјата на учесниците, институциите, нз политички засегнатите страни во Парламентот, и од други фактори како што е меѓународниот притисок, од јавноста итн – вели Стојановски.
Во однос на изборот на членовите на собраниските комисии заради ефикасен надзор потребна е селекција на соодтвени профили на пратеници.
– Кај парламентарниот надзор во моментов со трите парламентарни комисии кои постојат, имаме многу голем број на пратениците кои што членуваат. Во секоја Комисија за секој член има заменик а бројката варира, и кога ќе се собере бројот на членови доаѓаме до огромна бројка на луѓе. Ако тргнеме да анализираме колку од тие луѓе имаат претходна стручна спрема, знаење или колку стручната служба на Парламентот може да ги подговти за вршење на онаа длегирана задача за надлежноста која ја имаат како членови на овие комисии оставена е практично на случајноста. Затоа намалување на бројот на парламентарни комисии, каде што ќе бидат потребни помал број на пратеници за да го вршат надзорот, селекција на соодветни профили на пратеници, подготовка од стручната служба, и ингеренции доверени во нивната работа кои ќе одговорат на предизвиците и ќе дозволат реален надзор да спроведуваат – нагласува Стојановски.
Забелешка во однос на постојните законски решенија е и што не се опфатени ниту цел сет од новите форми на комуникации.
– Новите форми на комуникации се изоставени барем во законите, за тоа како во кој дел и колку можат да се следат. Зборуваме за пораки на критирани сервиси, за меил комуникација, за историја на сурфање на корисниците. Тоа е се изоставено и веројатно во периодот што следи, поучени од она што ни се случи со скандалот со „Јавна соба“, ќе треба да се регулира и да се навлезе во тој дел – подвлекува Стојановски.
Анализата за документот „Преосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби во Северна Македонија“, е направена за периодот од 2016 до 2020 година. Во документот, меѓу другото се наведува дека е итно потребен посебен закон за парламентарен надзор за да се отстранат констатираните недостатоци на постојните законски решенија. Законот треба да ги дефинира мандатот на надзорните тела, составот, методите на работа и нивните односи со службите и со јавноста. За функционален вонпарламентарен надзор пак, и по научените лекции за нефукнкционалноста на Советот за граѓански надзор, потребна е, се наведува, значителна институционална инфраструктура, силен мандат и јасно законодавство.
Се предлага формирање независно експертско тело за надзор со три до пет члена избани според строги утврдени критериуми поддржано од постојан секретаријат со сопствен буџет и со јасен мандат.