23-годишната Кристина веќе има 11 деца, а вели дека ѝ се малку (ФОТО+ВИДЕО)

За да може Кристина да се грижи за децата на најдобар начин, ангажирани се бебиситерки и неколку асистенти.

2,114

Замислете дека не едно, туку единаесет бебиња го бараат вашето внимание истовремено.

Ова е животот на 23-годишната Кристина Озтурк, раскажува „Bright Side“.






Всушност, таа е толку за заљубена во деца што планира да има уште поголемо семејство.

Кога Кристина имала 17 години го родила своето прво дете Викторија. Таа е самохрана мајка, но нејзиниот живот се менува кога ќе го запознае сегашниот сопруг додека е на одмор.

Тој се вљубува во неа на прв поглед, ја замолува да се омажи за него и да има многу деца, раскажува Кристина.

Повеќето деца на Кристина се родени во исто време и се на иста возраст.

Бидејќи е невозможно да има толку многу деца одеднаш, таа и нејзиниот сопруг се насочија кон сурогат-мајчинството за да си создадат набрзина големо семејство.

Дури и да не ги родила сите, Кристина е нивна биолошка мајка. Двојката сака да има уште десетици бебиња, но досега не ја наведоа точната бројка.

Нејзиниот 56-годишен партнер милионер е супер татко кој се грижи за потребите на сите во семејството што треба да бидат исполнети.

За да може Кристина да се грижи за децата на најдобар начин, ангажирани се бебиситерки и неколку асистенти.

Кристина се грижи за децата, а нејзиниот сопруг работи. Тие редовно го поминуваат времето заедно шетајќи, играјќи друштвени игри и гледајќи филмови со децата. Викендите се резервирани за семејството, обидувајќи се да јадат заедно секој ден.

Погледнете како се собира „бандата“ за фотосесија:

 

Поврзани содржини