Мицкоски: Заев е мафијаш, на сила протурка гласање во Собрание
Според Мицкоски, Заев ја користи неговата состојба, бидејќи е во изолација поради заразата со ковид вирусот, но тоа, како што вели, не го спасува од паѓање на Владата.
Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук.
„Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби“, напиша Мицкоски.
Според Мицкоски, Заев ја користи неговата состојба, бидејќи е во изолација поради заразата со ковид вирусот, но тоа, како што вели, не го спасува од паѓање на Владата.
„Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро!“, порача Мицкоски.
Собранието попладнево и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратенциите усно го побара премиерот Зоран Заев. За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против.Опозицијата не присуствуваше на гласањето.