ВМРО-ДПМНЕ: Владата да преземе активности, заканата на Радев со разузнавачи е директна вина на Заев

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата треба најитно да го осуди однесувањето на Радев, Захариева и другите бугарски политичари кои се закануваат врз интегритетот на државата.

260

Зоран Заев и СДСМ ја доведоа Македонија во подредена и понижувачка состојба со Бугарија. Заканите за интервенции на бугарски разузнавачки служби на територија на Македонија од страна на Румен Радев се директна вина и одат на контото на Зоран Заев, кој ја понижи државата, и ја клекна на колена, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашното барање бугарскиот претседател Румен Радев до тамошните разизузнавачки служби да ги заштита правата на Бугарите надвор од земјата.

– Македонија трпи закани заради Заев, кој се откажа од македонското малцинство во Бугарија, и ги фрли во бунар чувствата на илјадници македонци, а е жртва на измислени сценарија и режии со наводни проблеми со Бугари во Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата сметаат дека претседателот на Владата не е способен да го спроведува Уставот и да го заштити територијалниот интегритет и суверенитет на земјата.

– Владеењето на Заев сериозно го поткопува принципот на суверенитет гарантиран со меѓународното право- велат оттаму.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата треба најитно да го осуди однесувањето на Радев, Захариева и другите бугарски политичари кои се закануваат врз интегритетот на државата.

– Владата треба веднаш да ги извести сите меѓународните претставници во Македонија, ЕУ и НАТО за однесувањето на Радев, во спротивно Заев ќе биде директно виновен за поткопувањето на суверенитетот на државата и ќе сноси одговорност во иднина. Доколку Зоран Заев не реагира адекватно тој станува соучесник во дестабилизација на државата.Зоран Заев мора да знае дека за ваквото однесување и непостапување следува одговорност прво на избори, а подоцна и пред државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини