Барбов: Третина од прележаните ковид пациенти имаат невролошки последици

Губитокот на мирисот е првиот симптом на болеста кој е резултат на директна инвазија на вирусот на мирисниот нерв, кој понатаму се движи внатре во мозокот, во неговите јадра и на тој начин прави една инфекција блага на самиот мозок и на мозочните обвивки. Меѓутоа, таа инфекција многу често дава главоболки, дава вртоглавици, појасни директорот на Клиниката за неврологија.

2,841

Помеѓу 30 и 40 отсто од прележаните ковид пациенти имаат невролошки последици, што е импозантна бројка со оглед на тоа колку милиони пациенти во светот се инфицирани, истакна директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов во гостувањето за дневникот на ТВ Сител.

– Некои од компликациите се јавуваат во текот на инфекцијата. И губитокот на мирисот е првиот симптом на болеста кој е резултат на директна инвазија на вирусот на мирисниот нерв, кој понатаму се движи внатре во мозокот, во неговите јадра и на тој начин прави една инфекција блага на самиот мозок и на мозочните обвивки. Меѓутоа, таа инфекција многу често дава главоболки, дава вртоглавици, освен намалениот мирис, што се сепак едни полесни, благи симптоми на ковид инфекцијата. Многу од пациентите се жалат на вртоглавици и главоболки за што можеме да кажеме дека е најчестиот симптом после изгубениот мирис – појасни Барбов.






Кај некои пациенти можни се и посериозни последици, како што е воспаление на мозокот и мозочните обвивки, рече Барбов и истакна дека досега имало десетина пациенти со вакви последици, од кои закрепнале сите одвен една пациентка која починала на Инфективната клиника.

Барбов констатира дека британскиот сој на коронавирус не дава потешка клиничка слика, но е повирулентен и поради тоа е нормално е дека ќе се зголеми бројот на инфицирани.

– За десетина дена за повеќе од двојно се зголеми бројот на хоспитализирани ковид-пациенти на Клиниката за неврологија – рече Барбов.

Поврзани содржини