Американскиот музичар Лајонел Ричи (71) веќе некое време е во романтична врска со Лиза Париџи (30), а натписите на таблоидите сугерираат дека тие биле во врска од 2014 година, кога таа имала само 23 години.
Сепак, нивната разлика во годините неодамна го привлече вниманието на медиумите, откако на Твитер започнаа да кружат фотографии од музичарот и неговата партнерка, а некои скоро забележаа дека Париџи е всушност многу помлада од 39-годишната ќерка на Ричи – Никол Ричи.
– Тој има 71 година, таа има 30 години, љубовта победува – гласи коментарот на еден обожавател кој собрал најмногу лајкови.
Да потсетиме, освен Никол, Лајонел Ричи има и помлада ќерка – Софија Ричи, која во последните неколку години беше во центарот на вниманието поради врската со Скот Дисик, кој е 15 години постар од неа, како и затоа што се дружи со кланот Кардашијан.
View this post on Instagram