Британски научници: Новиот сој може да биде многу посмртоносен

Научниците во минатиот петок ги објавиле нови резултати од повеќе студии и процениле дека новиот сој, познат како B1.1.7., би можел да биде од 30 до 70 отсто посмртоносен од оригиналниот вирус.

973

Научници кои ја советуваат британската Влада во одговор на пандемијата велат дека новиот сој вирус, кој е откриен во Велика Британија, е многу веројатно да е посмртоносен од орк=игиналниот, пишува Бизнис инсајдер,

Научниците во минатиот петок ги објавиле нови резултати од повеќе студии и процениле дека новиот сој, познат како B1.1.7., би можел да биде од 30 до 70 отсто посмртоносен од оригиналниот вирус.






Претходно веќе е откриено дека новиот сој побрзо се шири, а премиерот Борис Џонсосн неодамна најави дека „можеби може да се позрве и со зголемувањето на стапката на смртност“.

Биснис инсајдер пишува дека во објавата на научниците сега таа теза се потврдила, но тие нагласуваат дека е потребно да се спроведат уште неколку попрецисни студии за конечен заклучок за поврзаноста на новиот сој и смртта.

Британскиот сој досега е детектиран во најмалку 82 држави, пишува Њујорк Тајмс.

Поврзани содржини