Европа завеана: Германија и Велика Британија под снежна блокада ФОТО

Обилен снег наврна и во останатите европски земји како Белгија и Данска. Ситуацијата посебно е тешка во Велика Британија, каде се затворени повеќе центри за вакцинација.

636

Повеќе од десетина возачи ја минале ноќта во возила заробени во снег на автопат во северозападна Германија, додека во Велика Британија поради снежни врнежи , некои центри за вакцинација против коронавирусот се затворени.

Според информации од полицијата, блокиран е автопатот кај германскиот град Билефелд поради обилни снежни врнежи во изминатите 48 часа, а повеќе камиони се превртени па автопатот е затворен во двата правци.






Возачите поминале околу 16 часа во возилата при студено време. Спасувачите им обезбедиле ќебиња и топли напивки.

– Ситуацијата е тешка – изјавил за новинарите портпаролот на полицијата во Билефелд, додека портпаролката на центарот за контрола на патишта за тој регион додала дека ќе биде потребно многу време за автопатот да биде ставен во функција.

И во централниот дел на Германија дошло до блокада на патиштата поради снегот.

Министерот за сообраќај Андреас Шојер ги повикал жителите на северните и централните делови на Германија да до утре не тргнуваат на пат.

Обилни снежни врнежи и снежни наноси исто така предизвикале дознење на возовите и откажување на некои линии, наведува Дојче бан.

Од среда се очекува да се намалат снежните врнежи, но остануваат ниските температури, а некаде тие ќе бидат и до минус 20 степени.

EPA-SERGEY-DOLZHENKO

Во повеќе градови, како што е Франкфурт, зголемени се капацитетите за прифаќање на бездомници. Во невремето засега нема официјални податоци за евентуални жртви.

Обилен снег наврна и во останатите европски земји како Белгија и Данска.

Ситуацијата посебно е тешка во Велика Британија, каде се затворени повеќе центри за вакцинација.

Затворени се и некои училишта кои биле отворени за деца од чувствителните групи или чии родители мора да одат на работа.

Поврзани содржини