Полицијата со полни раце работа: Се тепале вработени во болницата во Тетово, родители малтретирале дете, се пофалил на „тик ток“ како поминува патарина со флешери

И натаму кафеанџиите ги кршат здравствените протоколи.

354

Приведени сопственик и гости во кафеана во Црешево:  На 04.02.2021 година во 00.30 часот, по претходна пријава дека угостителски објект во село Црешево, скопско работи по 21,00 часот, од страна на полициски службеници извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на Д.П.(56) од Куманово и констатирано е дека во локалот се наоѓаат осум лица на возраст од 22 до 65 години од Скопје, Куманово и Струмица. Лицата се приведени. По насоки на Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Поминал патарина со флешери и се пофалил на „тик ток“ : Полициски службеници од ПС Тетово на 03.02.2021 во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино и тоа го објавил на социјалната мрежа „тик ток“. Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. „флешери“ се демонтирани. МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31.01 и 01.02 санкционираше 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.






Битолчани го  малтретирале детето: На 03.02.2021 во СВР Битола од Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа Битола, било добиено известување за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, од страна на родители Ѓ.Н. и Ј.У.(23) од Битола. Од Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа децата биле згрижени а при што во Клиничка болница – Битола им биле констатирани повреди. За случајот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тепачка меѓу вработени во тетовска Клиничка болница :На 03.02.2021 во 12.45 часот, А.Е.(41) од Тетово пријавил дека околу 11.00 часот во тетовската клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од Н.С.(50) од с.Селце, тетовско исто така вработен во болницата. Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 03.02.2021 во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, при контрола и преглед извршен врз А.П.(21) од село Куратица, охридско полициските службеници пронашле марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дрвократци фатени во  Карбинци: На 03.02.2021 околу 10.00 часот, полициски службеници и претставници од шумската полиција во Кичево, во атарот на село Карбуница, кичевско во нелегална сеча на дрва, ги затекнале Ф.А.(38), С.М.(34) и Е.М.(28), сите од Кичево кои, со моторни пили, неовластено пресекле 16 стебла дабово дрво. Тие се приведени и одземени им се моторните пили. Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Пријавен полов напад  на ул. Јордан Мијалков:  На 03.02.2021 во 11,30 часот, во Полициска станица Центар, Ј.К.(18) од Скопје, пријавила дека околу 03,30 часот, во близина на угостителски објект на ул.Јордан Мијалков, во куќарка за обезбедување до објект кој бил во изградба едно лице недолично се однесувало и се обидело да изврши полови дејствија врз пријавителката, но не успеало. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Опожарена бурекџилница во Скопје: На 03.04.2021 во 23,20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Глигор Прличев“ настанал пожар при што биле опожарени бурекџилница и напуштена куќа, сопственост на А.Ж.(58). Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Извршен е увид.

 

Поврзани содржини