Филипче: Набавуваме најсофистицирана терапија за ковид пациенти

За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус - рече министерот.

601

Министерството за здравство вчера испрати писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче за ова говореше во вчерашното гостување на Тв Клан. Филипче потенцираше дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид пациенти, а дополнително ќе се набави нова терапија.






– Денеска испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот Ремдесивир. За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас – изјави Филипче и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредитот од Светска Банка.

Поврзани содржини