Платените професори прават дополнителна штета фалејќи ги штетните реформи на Мила Царовска. Со фалење на штетни реформи, овие платеници на Царовска ќе предизвикаат крах на образовниот систем, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Мила Царовска со своите платеници е во обид да ја убедат јавноста дека нејзините реформи се за доброто на учениците. Царовска нема чувство на одговорност и за поширока дебата. Мила Царовска како и нејзиниот шеф Зоран Заев не се подготвени за соработка и за водење на отворен и транспарентен дијалог за пошироката јавност да се запознае со предложената реформа во образованието. Царовска на сила и без општоприфатен консензус сака што побргу да го истурка процесот со што го доведува под знак прашалник квалитетот и важноста. Заев и Царовска со петни жили ја туркаат бугарската агенда преку реформите за образование – вели ВМРО-ДПМНЕ.