Трамп пред Сенатот во понеделник ќе докажува дека не поттикнал бунт

Со тоа ќе почне судска постапка што може да му ја „затвори вратата“ за повторно да се кандидира на претседателски избори.

285

Претставничкиот дом на САД во понеделник ќе достави предлог до Сенатот за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт.

Со тоа ќе почне судска постапка што може да му ја „затвори вратата“ за повторно да се кандидира на претседателски избори, изјави денеска лидерот на мнозинството во сенатот, Чак Шумер.






– Претставничкиот дом ќе достави член за отповикување во Сенатот. Сенатот ќе спроведе судење за отповикување на Доналд Трамп. Тоа ќе биде целосно судење. Ќе биде праведно судење – рече Шумер во Сенатот.

Поврзани содржини