Судот во Москва му одреди притвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални до 15 февруари, изјави денеска адвокатот Вадим Кобзев.
– Судот во Химки му одреди притвор на Навални до 15 февруари -истакна Кобзев.
По одредениот 30-дневен притвор, Навални повика на масовни протести. Во видео снимка тој побара Русите да излезат на улица во знак на протест поради начинот на кој е постапувано кон него.
– Не плашете се, излезете на улица. Не излегувате за мене, излезете за себе и за својата иднина – рече Навални на видеото објавено на ЈуТјуб, пренесува Гардијан..
Навални беше уапсен вчера на аеродромот Шереметјево поради кршење на условна казна. Тој беше уапсен веднаш по доаѓањето од Германија, каде беше лекуван откако беше затруен со нервен агенс „новичок“ – за што западните земји ја обвинуваат Русија.
Тој беше ставен на потерница на 29 декември минатата година.
Рочиштето е закажано за 29 јануари, со цел да се утврди дали ќе се промени условната казна.