Искусниот хрватски кошаркарски тренер Јасмин Репеша кој од оваа сезона седна на клупата на италијански Пезаро, на вечерашниот меч од италијанскиот шампионат против екипата на Сасари си дозволи да удри еден од своите кошаркари.
Уште на стартот на мечот, Репеша нервозен поради лошата игра на Симоне Заноти откако го повлече на клупата, нервозен поради тоа што Заноти не сакаше да ги дослуша неговите забелешки, хрватскиот стратег го плесна по рамото. Случката не остана незабележана од тв-камерите.
Jasmin Repesa has something to say to Zanottipic.twitter.com/nUyJJtN83z
via @loupaya
— Emiliano Carchia (@Carchia) January 17, 2021