Насилно однесување, борба против депресија и морничава смрт: За трагичната судбина на актерката не престанува да се зборува! ФОТО

2,376

Американската актерка Наја Ривера го освои светот уште како девојче, таа првпат се појави на малите екрани кога имаше само четири години. Она што ја заинтригира публиката не беа нејзините улоги, туку нејзиниот приватен живот, кој беше турбулентен.

Во летото 2020 година, нејзиниот живот нагло беше прекинат кога настрада додека со својот син во чамец го обиколуваше заливот. Таа имаше само 33 години.






Голема популарност  стекна со улогата во серијата „Гли“. За оваа улога освои бројни награди, вклучително и САГ и AЛMA, како и две Греми награди, како и номинации за престижната награда Брит.

Две години откако се појави во серијата, таа исто така потпиша договор со музичката куќа „Колумбија рекордс“, но не успеа да издаде студиски албум како што планирала. Со синглот „Sorry“ од 2013 година, таа сепак, заврши на неколку релевантни топ листи, а со својот глас ја маѓепса публиката.

Бурни тинејџерски денови

Во мемоарите што ги објави во 2016 година, таа призна дека се борела со анорексија за време на тинејџерските денови, но и со ненадејни промени во расположението и депресија. Следуваше уште еден тежок период по абортусот, од кој психички се опорави, призна во својата книга.

„Јас бев навистина изгубено дете“, го опиша периодот на растење и тинејџерските денови. Додека ја снимаше серијата „Glee“, таа влезе во врска со нејзиниот колега Марк Селинг, што само и донесе проблеми. Имено, Марк има дебело криминално досие.

Оваа бурна врска и донесе само проблеми на актерката и заврши многу брзо. После оваа врска, таа за кратко време ја пронајде среќата во близина на Биг Сон, сепак ниту оваа врска не преживеа, а Наја дозна за раскинувањето од медиумите. Додека таа зборуваше, тој на Интернет објави дека повеќе не е со неа, а пред тоа не го ни спомна нејзиниот раскин.

Проблем со насилничко однесување

Таа се омажи за својот поранешен сопруг Рајан Дорси во 2014 година и се разведе по четири години поради нејзиниот проблем со насилното однесување за кое беше обвинета. Имено, таа го удрила по главата и телото за време на семејната прошетка. Кога по апсењето сведочеше на суд, актерката на прашањето дали ја признала вината, одговорила: „Да, почитуван“.

Морничава судбина и прерана смрт

Наја Ривера исчезна на 8 јули 2020 година, додека на езерото Пиру беше со нејзиниот четиригодишен син Џози. Детето беше пронајдено на бродот како спие, а на себе имаше елек за спасување, додека од актерката немаше ни трага ни глас. Таа беше пронајдена по пет дена потрага и вестите беа ужасни. Актерката се удави, а како што беше кажано подоцна, не знаеше да плива.

Скандали и по смртта

По смртта на актерката, целиот свет го обиколи веста дека нејзината сестра, Никајла Ривера, се вселила во домот на поранешниот сопруг на Наја. Според Рајан, Никајла е таму за да му помогне да го воспитува својот син што го доби со Наја, бидејќи тој го побарал тоа и додал дека нема време за злобни коментари и дека не го интересира како сето тоа им изгледа на другите.

Naja Rivera

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини