В понеделник демократите ќе бараат импичмент против Трамп
Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и нивните институции на управување - велат демократите.
Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат в понедленик да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија.
Во верзија на поднесокот на демократите пишува:
– …Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и нивните институции на управување. Тој се закануваше на интегритетот на демократскиот систем, се мешаше во мирната транзиција на власта и загрози дел од власта. Со тоа изврши предавство на својата доверба како претседател, на очигледна повреда на народот на САД“.
– Затоа, претседателот Трамп, со такво однесување, демонстрираше дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако му биде дозволено да остане на функцијата и постапи на начин грубо несоодветен со владеењето на правото. За претседателот Трамп треба да има импичмент и судење, смена од функцијата и дисквалификација…“
Според медиумот, барањето за импичмент ќе го поднесат конресмените-демократи Дејвид Сицилин, Тед Лиу и Џеjми Раскин. Потегот ќе биде преземен по упадот на приврзаници на Трамп на Капитол во средата.