Си-Ен-Ен: Трамп нема намера да поднесе оставка

Импичмент на претседателот на само 12 дена од неговиот мандат само ќе ја подели нашата земја уште повеќе - вели Мекарти.

408

Американскиот претседател нема намера да поднесе оставка. Тоа го јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на изјава на тројца советници на Доналд Трамп.

Шефот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти денеска во соопштение нагласи дека е против напори за импичмент на претседателот Доналд Трамп бидејќи според него, тој потег само „ќе ја подели нашата земја уште повеќе“.






– Импичмент на претседателот на само 12 дена од неговиот мандат само ќе ја подели нашата земја уште повеќе – вели Мекарти.

Мекарти, еден од најмоќните лојални на Трамп во Конгресот во текот на неговиот четиригодишен мандат, рече дека се обратил денеска кај новоизбраниот претседател Џо Бајден и планира „да разговара со него за тоа како мора да работиме заедно за да ја намалиме температурата и да ја обединиме земјата за да ги преброди предизвиците“.

Поврзани содржини