Водителот Амиџиќ итно хоспитализиран

Првично беше објавено дека Огњен е наводно позитивен на ковид-19, ама излезе дека информацијата е неточна, а дека водителот е примен во болница од превентивни причини.

2,445

Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ примен е во КБЦ „Бежаниска коса“ со обострано воспаление на белите дробови.

Првично беше објавено дека Огњен е наводно позитивен на ковид-19, ама излезе дека информацијата е неточна, а дека водителот е примен во болница од превентивни причини.






Како што дознаваат српските медиуми, Огњен вчера е примен во болница поради благо воспаление на белите дробови. Тестот на корона е негативен, а водителот се чувствува добро.

– Добро се чувствувам. Примен сум во болница бидејќи лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба – рекол популарниот водител.

Поврзани содржини