Се заканувал на „Фејсбук“, па заработил кривична пријава
Лицето на 07.01.2020 на својот „Фејсбук“ профил, споделил објава со повик за насилство и смртни закани - велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека за 26-годишно лице од с.Зрновци е поднесена кривична пријава за смртни закани и повици за насилство на „Фејсбук“.
– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 08.01.2021 полициски службеници од ОВР Кочани на службен разговор го повикале Д.Ѓ.(26) од с.Зрновци, кочанско. Тој на 07.01.2020 на својот „Фејсбук“ профил, споделил објава со повик за насилство и смртни закани – велат од МВР.
Одземен е мобилниот телефон од Д.Ѓ. и известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.