Фаучи: Ако јас се прашувам, би го вакцинирал Трамп!

Одлуката за тоа дали ќе се вакцинира зависи од него и од докторот во Белата куќа. Моја препорака – тоа го реков и претходно – јас би го вакцинирал - изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

589

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ја повтори својата препорака американскиот претседател Доналд Трамп да прими вакцина против коронавирусот.

– Одлуката за тоа дали ќе се вакцинира зависи од него и од докторот во Белата куќа. Моја препорака – тоа го реков и претходно – јас би го вакцинирал – изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.






– Тој сè уште е претседател на САД. Важна личност. Значи, мојата препорака за претседателот останува иста – додаде тој.

Трамп годинава имаше коронавирус, а лекарите му препорачуваат да почека со вакцината, наведувајќи го како причина третманот со моноклонски антитела што ги примил во борбата против вирусот

Поврзани содржини