Битолската голема театарска сцена именувана Благој Стефановски-Баге

Благој Стефановски-Баге почина на 3 декември, на 67 годишна возраст.

301

Националната установа Народен театар-Битола донесе одлука според која од денеска големата сцена во тој театар го носи името на Благој Стефановски-Баге кој неодамна почина во тој град.

На комеморативна седница што денеска се одржа во Битола, уметничкиот директор Илина Чоревска ја соопшти одлуката која беше поздравена со долготраен аплауз.






– Ми претствува ограмна чест да соопштам дека оваа сцена на која што денеска стоиме, позната како Големата сцена на НТБ од денеска ќе го носи името „Благој Стефановски Баге“. Одлуката е во чест за се што го направи за нашиот Народен театар, за оваа сцена и за неговата неисцрпна борба во сите години наназад – истакна Чоревска.

Благој Стефановски-Баге почина на 3 декември, на 67 годишна возраст.

Поврзани содржини