Во цвеќарница во Прилеп вчера маж се обидел да купи цвеќе со фалсификувани 50 евра.
– На 23.12.2020 во 16 часот во просториите на Одделението за внатрешни работи Прилеп, К.Д.(49) од Прилеп пријавила дека околу 15.40 часот во цвеќарница во Прилеп едно лице сакало да купи производи со банкнота од 50 евра по што, при обид во менувачница да ја замени банкнотата, пријавителката била известена дека е фалсификувана – информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.