На скопските клиники се лекуваат 482 пациенти со ковид-19

Утрово на клиниките има слободни 40 кревети.

312

Вкупно 482 пациенти потврден и сомнителн за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во последните  24 часа во овие одделенија се  примени на лекување 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Утрово во клиниките имало 40 слободни кревети.

– Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 9 приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и по еден пациент на Институтот за ТБЦ, на ОРЛ, на Очната клиника, на Неврологија и на Гастроентерохепатологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни- велат од Министерството за здравство.






Според нивните податоци, последниот ден дома се пуштени 40 оздравени пациенти.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Од вкупно 482 пациента кои се лекуваат во болниците во Скопје во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, наКлиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент .

 

Поврзани содржини