Фризерските салони во Солун се преполни до Божиќ

Најчестиот „проблем“ е тоа што сите клиенти сакаат да бидат први, бидејќи сметаат дека така ќе бидат позаштитени од коронавирусот.

208

Во следните десет дена, односно до Божиќ, нема слободен термин во фризерските салони во Солун, вели претседателот на Здружението на бербери и фризери од Солун и околината, Павлос Коловос за радиото на грчката новинска агенција „Практорио ФМ“, јави дописничката на МИА од Атина.

Фризерските салони и берберниците, беа последните што затворија пред почетокот на карантинот во Грција, а се отворија вчера по повеќе од еден месец и заедно со книжарниците и центрите за техничка проверка на возила се единствените бизниси што во земјата што се отворени.






Претседателот на Здружението на бербери и фризери од Солун вели дека нивните телефони ѕвонат без прекин, агендите со термини им се полни, а најчестиот „проблем“ е тоа што сите клиенти сакаат да бидат први, бидејќи сметаат дека така ќе бидат позаштитени од коронавирусот.

Поврзани содржини