Кејт Мидлтон како принцезата Дијана блесна на црвениот тепих ФОТО

1,525

Кејт Мидлтон, заедно со принцот Вилијам и децата се појавила на премиерата на претставата Паладиум на Вест Енд.

Војвотката од Кембриџ се појавила во темносин фустан со бел принт, инспириран од стилот на 70-те години. Уште еден детаљ бил воочлив – фустанот на ракавите имал и долги манжети.






Стегната во половината, нејзината тенка фигура ја нагласиле големите карнери на рамената. Мидлтон во комбинација со фустанот, облекла високи потпетици.

Фустанот кој го носела е креација на Александра Рич, а неговата цена е околу 1.500 фунти. Оваа дневна комбинација е инспирирана од стилот од 70-те и 80-те години, поради што многумина констатирале дека многу потсетува на стилот на принцезата Дијана.

Принцезата Дијана често носела фустани со карнери и принт, како што било модерно во тоа време. Сличните фустани кои ги носела Дајана вклучуваат и фустани со бела тантела околу вратот. Фустанот го носела во 1981 година, исто така, на премиера.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини