Секоја година во декември, принцот Вилијам и војвотката Кејт објавуваат божиќна честитка во форма на портрет на семејството и на сите им посакуваат благословен празник. Оваа година, фотографијата излезе во јавноста пред официјално да ја објави палатата Кенсингтон и масовно се споделува на социјалните мрежи.
На фотографија за која не е јасно каде и кога е направенa, кралското семејство седи на сено. Шарлот се смести во скутот на Кејт, додека Џорџ седеше покрај нејзиниот татко. Најмaлиот, Луис е меѓу неговите родители и со преслатка насмевка на лицето. Токму таа среќа на лицата на најмалите стана тема на сите коментари на социјалните мрежи.
Од друга страна, објавувањето на неофицијалната честитка предизвика страв кај луѓето кои сега сметаат дека кралското семејство нема да ја објави честитката оваа година.
Prince Louis steals the show in leaked royal Christmas card photo https://t.co/aQZfUa4vYU #PrinceLouis #LeakedRoyalPhoto #ChristmasCard pic.twitter.com/fgmvCHSxqP
— Alan G (@MoRaY1959) December 13, 2020
ФОТО: Твитер