Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во при претрес на женско лице во Скопје било пронајдено оружје кое го поседувала нелегално.
– Денеска (09.12.2020) во Скопје, по претходно добиени оперативни информации, полициски службеници од ЕНТ-ОНТД при СВР Скопје ја приведоа Д.А. (51) од Прилеп поради нелегално поседување огнено оружје. При извршен преглед, кај Д.А. е пронајден пиштол „застава“ со пет куршуми и две рамки – велат од МВР.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.