Зоран Заев делува како подвоена личност, тоа е впечаток кој од ден на ден станува се повидлив и појасен. Заев е човекот кој зборуваше дека фашистичката окупација била администрација. Заев е човекот кој зборуваше дека сме биле ист народ со соседите („братски хора, с’шти народ“). Заев ги дозволи секојдневните понижувања на македонските граѓани во срамните изјави од соседството, без да каже ниту збор за нив. Заев е потписникот на договорот кој создаде нов проблем и кој го овозможи неправедното вето за Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Затоа, кога го гледаме како се обидува да глуми патриот, тоа изгледа многу очајно и бедно. Лажниот патриот Заев десетици пати ги излажа македонските граѓани дека добил датум за почеток на преговори. Секој обид поразите на политиките на Заев да се прикажат како победи се проѕирни и не му поминуваат ниту во најтесното раководство на партијата, а камо ли меѓу граѓаните. Од ваквиот негов очаен и подвоен настап се гледа дека столицата сериозно му е разнишана – констатира ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Зоран Заев е виновникот за загубите во економијата, загубената европска иднина, загубите на човечки животи заради здравствениот хаос, загубите на земјоделците, загубата на езерата, загубените заштеди во пропаднатата банка, загубените над 50 000 работни места, за загубените 2 милијарди евра, пари со кои не задолжи сите, а од кои народот не виде ниту еден проект.