На Инфективно во Велес е полно, слободни кревети има само на физикалното одделение

245

Во велешката Општа болница има хоспитализирани вкупно 71 пациент од кои 61 се потврдени како позитивни, седум суспектни и тројца со негативни тестови. Од нив 31 пациент добиваат кислородна поддршка, информира портпаролот Весна Неделковска Николова.

 

 






Бројот на пациенти, потенцира таа, варира, па вчера биле 72 лица, завчера 67, а на 4 декември биле 61 пациент.

Капацитетот на Инфективно одделение е исполнет со 54 пациенти, слободни места има на Физикално одделение кое е второ ковид одделение каде моментално се сместени 13 пациенти, а има 25 кревети.

На Интерно – Б крак, каде се лекуваат пациенти со последици по прележан ковид, моментно се сместени четири лица, информира д-р Неделковска Николова.

Поврзани содржини