Научници тврдат дека нашле лек против коронавирусот

Ова е прва демонстрација на лекот кој екстремно брзо го блокира преносот на SARS-COV-2. Ова би можело да биде пресвртница – изјавил Племпер.

5,919

Научници од државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се внесува орално и кој во рок од 24 часа спречува заболените да го шират коронавирусот на здравите луѓе, пренесува Нова.рс.

Станува збор за лекот МК-4482/EIDD-2801, познат под името Molnupiravir, кој за еден ден целосно ја зпира можноста на пренос на ковид-19 на друго лице.






Предводникот на тимот д-р Ричард Племпер, открил и дека лекот е добар и во борбата против сезонските вируси.

– Ова е прва демонстрација на лекот кој екстремно брзо го блокира преносот на SARS-COV-2. Ова би можело да биде пресвртница – изјавил Племпер.

Прекинувањето на ширењето на вирусот додека не дојде до масовна вакцинација би ги спречиле катастрофалните последици кои веќе ги остава пандемијата.

– Забележавме дека лекот MK-4482/EIDD-2801 донел цел спектар на активности против респираторните RNA вируси и дека лечењето на заразените животни давајќи им го лекот орално, драматично ја намалуваат трансмисијата – вели Племпер.

Поврзани содржини