Колинда стана актерка, еве во која хрватска хит серија ќе глуми

681

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ стана актерка, барем на еден ден. Како што дознава „Јутарњи лист“, Колинда добила понуда да биде гостинка во ТВ-серијата „Дар Мар“, популарната хумористична драма која се прикажува на „Нова ТВ“.

Колинда добила „камео“ улога, а снимањето веќе, како што дознава хрватскиот медиум, и успешно го одработила. На сетот одлично се снашла и добро се забавувала, а епизодата со нејзината „камео“ улога би требало да биде прикажана по Нова година, во јануари.






И самата Колинда кратко ја потврдила оваа информација , но поради договорот со телевизијата, засега не смее да зборува за тој ангажман.

Колинда, сепак, открила за „Јутарњи лист“ како се одлучила да се согласи на гостување во серијата и дали се забавувала.

– Одлично се забавував на снимањето, затоа се согласив на улогата – рекла поранешната хрватска претседателка.

Инаку, серијата „Дар Мар“, која е опишана како теленовела, започна да се емитува на 5 октомври, а во серијата играат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ, Јан Керекеш, Ана Бегиќ Тахири и многу други.

Засега не е познато каква улога доби Грабар-Китаровиќ, а како што се шпекулира, таа би можела да биде поврзана со ликот на девојчето Линда Гроб, многу паметна девојка, која сака да се занимава со политика, а нејзин пример е претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ. чиј постер го има на ѕидот од својата соба.

Колинда Грабар-Китаровиќ ја поддржала и новата хит-серија „Театар Керемпух“, „Претседателка (претпоследна вечера)“. Во претставата нејзе ја отелотворува 31-годишната актерката Орнела Виштица.
Младата актерка открила дека во подготвувањето на својата улога имала блиска соработка со поранешната претседателка за нејзината изведба да биде колку што е можно поуверлива.

 

Поврзани содржини