Поминаат четири месеци откако славниот актер Џон Траволта се прости од сопругата Кели Престон, која во 58. година ја изгуби битката против рак на градите. Иако актерот тогаш се изолира и повлече од јавниот живот, повремено се јавуваше на фановите. Сепак, собра сили и по повод Денот на благодарноста во Америка и испрати порака на следбениците.
– Само сакав да го искористам овој момент да им се заблагодарам на сите што ме поддржавте на неверојатен начин годинава. Среќен Ден на благодарноста. Како и секогаш ви испраќам љубов – рекол Траволта во видеопораката до својте фанови на Инстаграм.
„Само продолжете да живеете и да сакате, токму како што таа би сакала“, „Кели ќе беше многу горда на сета твоја сила и љубов која ја испраќаш“. „Навистина се надевам дека ќе успееш да го пронајдеш својот мир и среќа уште еднаш“ – се само некои од пораките на неговите следбеници на Инстаграм.