Заев: Како Македонци кои зборуваат македонски јазик ќе влеземе во ЕУ

Во статусот, Заев наведува дека сите премрежја, окупации и блокади биле надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.

549

Попладнево премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил порача дека во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Во статусот, Заев наведува дека сите премрежја, окупации и блокади биле надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.






– Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре.
Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски – пишува Заев.

Поврзани содржини