Дали Заев е немоќен да му каже на Груби да го почитува Уставот на Република Македонија, реагира на Фејсбук Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Артан Груби да каже на која земја е министер !? Дали Заев е толку немоќен што не може да го натера Груби да го почитува уставот на Република Македонија !? Внимавајте, Груби е прв заменик премиер, функција која му ја измисли Заев и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците. Груби кој е вицепремиер на сите граѓани, а не само на една етничка заедница треба да биде еднакво достапен за сите. Ако интернет страната е достапна само на албански јазик, како Македонците ќе можат да се информираат за активностите на вицепремиерот Груби? А Груби е и министер за политички систем и односи со заедниците. Како припадниците на другите заедници ќе се информираат за неговите активности? Едно општество за сите или како беше? Поголема поделба и аматеризам немало!
Заев чекаме одговори! До каде сме со едно општество за сите? До каде сме важно е да се разбереме?, пишува Костовски.